Судир меѓу демонстранти и полиција во Кувајт

Кувајтската полиција со палки ги растеруваше демонстрантите на опозицискиот митинг. Телевизијата Ал Арабија објави дека неколкумина демонстранти, меѓу кои и пратеници, се повредени. Новинаската агенција Ројтерс објави дека пратениците планираат да побараат одговор за насилството од премиерот Шеик Насер Ал Мохамад Ал Сабах.