Хакерите го возвраќаат ударот како поддршка за Асанж

Подржувачи на основачот на Викиликс Џулијан Асанж отворија „сајбер војна“ против светските банки и институции, јавуваат новинските агенции . Хакери го нападнале веб сајтот на фирмата „ МастерКард“ откако таа им се придружи на Виса и Пејпал во одлуката да не ги сервисира донациите за Викиликс. Од МастерКард соопштија дека се соочуваат со големи компјутерски потешкотии но не можат да потврдат дали е Викиликс инволвиран во тоа. Швајцарската поштенска банка потврди дека деновиве е мета на хакерски напади откако ја затворила сметката на Џулијан Асанж. Се верува дека подржувачите на Асанж стојат зад хакерските напади и на страната на Шведското обвинителство.