Гејтс: Талибанците се далеку од поразени

Американскиот државен секретар за одбрана Роберт Гејтс изјави денеска дека американските маринци направиле „ голема разлика“ во Авганистан во изминатава година откако пристигнале. Гејст додаде дека сепак талибанските бунтовници се далеку од поразени.
Во меѓувреме НАТО соопшти дека двајца припадници на алијанста загинале денеска со што бројот на загинати НАТО војници годинава изнесува 682.