ЕУ не ветила рок за визна либерализација за Косово

Потпаролот на Европската Комисија Микеле Черконе изјави денеска дека на ЕУ не и ветила на Приштина никаков рок за почеток на дијалог за визна либерализација затоа што, како што вели, тоа е „технички дијалог“ кој ќе стартува кога Косово ќе ги исполни потребите услови. Еден од условите што земјата треба да го исполни е враќање на косовските граѓани кои нелегално престојувале или се уште престојуваат во земјите на ЕУ. Ваквиот коментар следува по изјавата на косовскиот премиер во оставка Хашим Тачи дека добил ветување од Брисел дека за 15 месеци ќе почне дијалогот за укинување на визите за граѓаните на Косово.