Србија е новиот претседавач со Централноевропската иницијатива

Црна Гора денеска на состанокот на Комитетот за национални координатори на земјите-членки, официјално и го предаде на Србија претседавањето со Централноевропската иницијатива.
Министерот за надворешни работи Милан Роќен изјави дека со претседавањето со ЦЕИ Црна Гора ја искористила можноста да биде иницијатор и промотер во различни области на регионална соработка, со цел унапредување на добрососедските односи на земјите-членки на Иницијативата и реформи на општествата на патот на исполнувањето на европските стандарди.