Туск: Викиликс ја смени перцепцијата за САД

Полскиот премиер Доналд Туск изјави денеска дека документите објавени во Викиликс го сменија начинот на кој се перцепираат односите со Вашингтон. Тој додаде дека Полска има проблем со “губење на илузии“ за карактерот на односите меѓу САД и Полска. Туск изјави дека сега многу работи се појасни по објавувањето на документите во врска со американско- полските преговори за антиракетниот штит. Полскиот претседател Бронислав Коморовски утре ќе отпатува за Вашингтон.