Во Брисел самит за рускиот прием во СТО

Рускиот прием во Светската трговска организација е на агендата на денешниот состанок во Брисел меѓу рускиот претседател Дмитри Медведев и лидерите на Европската унија. Се очекува двете страни да ги расчистат недоразбирањата по што Унијата ќе донесе одлука да го поддржи приемот на Русија во СТО. Во октомври Москва за ова прашање постигна договор со Вашингтон. Европската унија во која живеат над 500 милиони луѓе и е најголем трговски партнер на Русија.