Секретарот за одбрана на САД Гејтс во Авганистан

Американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс денеска пристигна во Авганистан на разговори со претседателот Хамид Карзаи и со командантите на сојузничките сили во таа земја. Во Авганистан има околу 150 илјади сојузнички војници, половина од нив американски. Во минатиот месец Соединетите држави и НАТО се согласија во идната година да почнат да им ја предаваат контролата на авганистанските власти.