Асанж уапсен во Британија

Основачот на Викиликс 39 годишниот австралиец Џулијан Асанж, како што јавуваат агенциите, денеска бил уапсен во Британија. Претходно неговиот адвокат Џенифер Робинсон изјави дека Асанж изразил подготвеност да се сретне со британската полиција во врска со обвинувањата за шест кривични дела. По Асанж Интерпол има распишано потерница побарана од Шведска за силување и малтретирање. Асанж ги отфрли ваквите обвинувања како политички мотивирани.