САД го осудија Викиликс за објавувањето стратегиски локации

Официјален Вашингтон ја осуди интернет страницата Викиликс за објавувањето на тајната листа на локации во целиот свет кои САД ги сметаат како критични за нивната национална безбедност. Портпаролот на Стејт департментот Филип Кроули изјави дека објавувањето на такви информации е како давање листа со цели на терористички групи како што е Ал Каеда. Државната секретарка Хилари Клинтон соопшти дека листата била украдена од американската влада и оти нејзиното објавување е многу непријатно и може да им наштети на пријателите и партнерите на САД.