Мундијалот во Катар во јуни и покрај горештините

Светската фудбалска федерација соопшти дека нема намера да се откаже од Катар како домаќин на светското првенство во 2022 година, иако страхува дека големите горештини може да бидат ризик за играчите. Генералниот секретар на ФИФА Џером Валке изјави дека се согласува оти постои загриженост поради високите температури, но додаде дека турнирот ќе се одржи во јуни. Без оглед на тоа што просечната летна температура во Катар е 41 степен, а достигнува и до 50 степени, Валке истакна дека тоа нема да ги загрози играчите и гледачите.