Швајцарска банка ја затвори сметката на Асанж

Швајцарската поштенска банка соопшти дека ја затворила сметката на основачот на Викиликс Џулијан Асанж поради, како што велат, лажните информации што ги оставил за својата адреса. Во нивното соопштение се вели дека компанијата е отворена само за жителите и државјаните на Швајцарија.
САД до сега успеа да го затвори основниот сајт викиликс.орг кој беше хостиран од американски сервери и да ја укине пејпал опцијата за финансирање на сајтот. По Џулијан Асанж е распишана меѓународна потерница под обвинение за сексуално насилство во Шветска.
Викиликс до сега објави стотици илјади тајни дипломатски документи.