Мотаки се надева на конструктивни преговори во Женева

Иранскиот министер за надворешни работи Манучер Мотаки изјави дека се надева оти преговорите кои почнаа денеска во Женева ќе бидат конструктивни и ќе постигнат позитивен исход. Техеран вчера соопшти дека ги произведе првите количества на ураниум спремен за збогатување ископан од рудниците во Иран.
Министерот за надворешни работи на Европската Унија Кетрин Ештон е лидерот на преговарачкиот тим на 6-те земји, Британија, Кина, Франција, Германија, Русија и САД. Западните земји се надеваат дека со дводневните преговори ќе дојдат на чекор поблиску до решение.