Најмалку 5 луѓе загинале во Пакистан

Петмина луѓе загинаа во напад со американско беспиотно летало во провинцијата Северен Вазиристан, во северозападен Пакистан, близу до границата со Авганистан. Според информациите од пакистанските безбедносни служби, ракетите погодиле возило и една куќа.
Се уште не се соопштува идентитетот на загинатите. Се смета дека граничната област меѓу Пакистан и Авганистан е едно од главните упоришта на Талибаците.