НАТО ќе продолжи со ноќните операции во Авганистан

Потпаролот на НАТО силите во Авганистан Џозеф Блотц денеска во Кабул изјави дека алијансата ќе продолжи со ноќните операции против Талибанците и покрај противењето на претседателот Хамид Карзаи. Тој додаде дека со таквите операции специјалните безбедносни сили успеле да уапсат на 350 бунтовнички лидери во последните три месеци. Карзаи веќе подолго време јавно ги критикува таквите тактики поради бројот на цивилни жртви.