8-мина загинати во престрелка во Дагестан

8 лица загинале во престрелка меѓу милитанти и безбедносните сили во руската република Дагестан. Според локалната полиција, безбедносните сили опколиле една куќа во која се криеле 6-мина осомничени милитанти, кои одбиле да се предадат. Во престрелката биле убиени сите 6-мина милитанти, еден полицаец загинал, а настрадало и едно 9 годишно момче од залутан куршум.