Самит на арапските земји, американски сојузници


Во Абу Даби се одржува годишен самит на арапските земји од регионот, кои се и американски сојузници. Учествуваат Бахреин, Кувајт, Оман, Катар, Саудиска Арабаија и Обединетите Арапаски Емирати, а главна тема е безбедноста во регионот и загриженоста од иранската нуклеарна програма. Иранскиот шеф на дипломатијата Манучер Мотаки, кој во саботата беше во посета на Бахреин, изјави дека Иран никогаш нема да употреби сила против соседните муслимански земји.