Македонските ракометарки изборија бараж за светско

Женската ракометна репрезентација на Македонија со три победи го освои првото место во втората квалификациона група. Македонија денеска ја победи Швајцарија со резулатат 37:26 со што се избори за бараж за Светското првенство кое ќе се одигра во декември 2011 година во Бразил. Баражот е предвиден да се игра во јуни 2011 година Во првите два натпревара Македонија ја победи Грција со 27:21 во петокот и вчера Азербејџан со 26:20. Натпреварите се оддржаа во изминативе три дена во грчкиот град Драма.