Деца со двајца инструктори се заробени во пештера во Бугарија

Најмалку 7 лица се заробени во пештера која се наоѓа во близнина на Софија поради зголеменото ниво на подземни води, соопшти бугарската федерација за спелеологија. Началникот на спасувачкиот одред Трифон Далиев изјави дека меѓу заробените се инструктори по алпинизам и спелеологија, како и пет деца на возраст од 12 до 15 години. Далиев додаде дека спасувачката мисија ќе почне штом нивото на водата во пештерата ќе се намали.