Демонстрантите стигнаа до Собранието во Скопје

Во протестниот марш на опозициската партија СДСМ учетсвуваат неколку 10-тина илјади луѓе, јавуваат новинските агенции.Според првичните информации, во текот на маршот нема регистрирано инциденти, а поворката ја следи силно полициско обезбедување. Опозицијата денеска маршира под мотото „Доста е! Избори се за иднината“ во знак на незадоволство од политиката на како што ја нарекува, ненародната влада.Раководството на СДСМ најави дека денеска ќе поднесе иницијатива за распуштање на Собранието и распишување на предвремени избори.