Водена стихија во Мариовско

Обилните врнежи и надојдените води утрово урнале дел од браната на акумулацијата во мариовското село Рапеш. Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски изјави дека ваква водена стихија не се случила во последниве 50 години, браната е висока 7 метри и досега никогаш не се ни наполнила ниту преполнила. Котевски вели дека дел од реките што беа пресушени сега повторно се појавија и се слеваат во акумулацијата која се користи како поило за стоката.Тој додаде дека нема опасност од поголемо излевање.