Грција уапси 10 осомничени терористи

Грчката полиција соопшти дека синоќа уапсила најмалку 10 луѓе осомничени за терористички активности, а при извршената рација запленила и голема количина на оружје и експлозив. Според полициското соопштение рацијата е извршена во еден од побогатите квартови на Атина.