Иран никогаш нема да употреби сила против муслиманите

Иран никогаш нема да употреби сила против своите муслимански соседни земји. Ова го изјави шефот на дипломатијата Манучеир Мотаки по изјавата на американскиот државен секретар Хилари Клинтон за загриженоста на САД за контроверзната иранска нуклеарна програма.