Бомбашки напади врз ирански аџии во Ирак

Денеска во Багдад при бомбашки напади врз аџии од Иран кои дошле на шиитски верски церемонии, загинаа најмалку 7 лица а повредени се над 20. Полицијата во Багдад соопшти дека станува збор за одвоени напади со автомобили бомби и поставен експлозив.