Состанок на шпанската влада поради „болеста“ на авио - контролорите

Денеска се очекува шпанската влада да прогласи вонредна состојба во националниот воздушен сообраќај. Повеке контролори на летањето не доаѓаат на работа под изговор дека се болни, а тоа според владата е поврзано со нивните барања за поголеми плати и условите за работа. Министерот за внатрешни работи Алфредо Перез Рубикалба се закани со затворски казни доколку контролорите не се вратат на работа.
Владата вчера и нареди на војската да ја преземе контролата врз воздушниот простор на земјата.
Масовната болест на контролорите во Шпанија доведе до затворање на аеродроми во земјата и прекин на летовите.