Пожарот во Израел однесе над 40 човечки животи

Пожарот стигна до Хаифа

Израел се соочува со најголемиот шумски пожар во историјата, во кој животот досега го загубија над 40 лица повеќето затворски работници, кога нивниот автобус со кој патуваа на работа беше зафатен од пожар, кој и натаму е надвор од контрола.
Илјадници луѓе се евакуирани од северниот дел на Израел, каде огнот се ближи до третиот по големина град во Израел Хаифа.
Повеќе земји испратија помош во опрема и луѓе во Израел. Властите велат дека причината за пожарот и натаму е нејасна.