Јанкулоска: нема договор со Рамковски

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска денеска ги отфрли шпекулациите за постигнат договор на државцните институции со сопственикот на А1 телевизија Велија Рамковски по вчерашното негово интервју во кое тој вели дека изјавите за парите во кеш за реклами на владејачката ВМРО ДПМНЕ, ги дал во афект. ,,Немаме намера ни право да размислуваме во насока на евентуален копромис, бидејќи законите се еднакви за сите и тие мора да важат за сите, изјави Јанкуловска по посетата на невладината организација „Полиоплус,, по повод Меѓународниот ден на лицата со хендикеп, 3 декември.