Милошоски бара подршка од Друцас

Шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски испрати писмо до својот грчки колега Димитрис Друцас во кое бара поддршка од Грција за донесување одлука за почеток на пристапните преговори на ЕУ со Македонија, a во пресрет на претстојните состаноци на ЕУ. Мојата земја, посочува Милошоски, втора година по ред се квалификува да ги почне пристапните преговори, а полни пет години е кандидат за членство во Унијата. Ваквата статусна состојба е неодржлива, наведува шефот на македонската дипломатија.
- Вашата поддршка за донесување на одлуката за почеток на пристапни преговори со Република Македонија ќе го даде неопходниот политички импулс за тоа. Со ваквиот чекор заеднички ќе ја поттикнеме и неопходната позитивна клима на доверба во меѓусебните односи за трајно разрешување на последната билатерална разлика со одржливо решение прифатливо за обете земји и народи, во интерес на регионалната и европската стабилност и просперитет, истакнува министерот за надворешни работи Милошоски во писмото до Друцас.