Бугајски - Никој не сака да се влклучи зашто спорот за името е билатерален

Сите знаеја дека на Самитот на НАТО во Лисабон нема да има формална покана за членство на Македонија се` додека не се најде решение за спорот со Грција, вели Јанош Бугајски од Центарот за стратешки и меѓународни студии во Вашингтон за Гласот на Америка.
„Мислам дека ниту една членка на НАТО не сака да интервенира, затоа што тоа е билатерално прашање за изнаоѓање решение. Но доколку САД и која и да е друга членка на НАТО може да дадат помош, сигурен сум дека со задоволство ќе помогнат“, вели Бугајски.
Тој изразува надеж дека до наредниот самит на НАТО за две години, земјава официјално ќе добие покана за членство во Алијансата.