Балканот го зафатија поплави

Поплава во БиХ, Долна Сопотница

Владите на неколку балкански земји прогласија вонредна состојба поради поплавите кои ги зафатија земјите.
Во западна Србија реката Дрина се излеа од своето корито и поплави куќи, земјоделско-обработливо земјиште и патишта. Полицијата соопшти дека во регионот до границата со Босна и Херцеговина има прекин на дотокот на струја и недостиг на вода за пиење. Околу 140 лица се евакуирани од регионот.
Црногорските власти соопштија дека околу 600 лица се евакуирани од своите домови во северниот дел на Црна Гора и тие ја минале ноќта во општинскиот центар.
Властите во Босна и Херцеговина прогласија вондредна состојба и наредија евакуација. Училиштата се затворени, половина од градот Фоча е без електрична енергија, а водата во градот не е за пиење.
Албанската Влада прогласи вонредна состојба во северозападните региони, кои се погодени од поплавите каде над илјада Албанци се евакуирани.
Хрватските медиуми јавуваат дека ситуацијата во Хрватска е критична, а во некои области на земјата поради поројните дождови е прогласена вонредна состојба.