Уапсени осомничани за убиството на иранскиот научник

Иранските власти соопштија дека уапсиле неколку осомничени за убиството на нуклеарниот научник. Во соопштението е наведено дека напаѓачите поставиле бомби во автомобилите на научниците, од кои еден загина а друг научник помина со тешки телесни повреди. Иранскиот министер за разузнавање Хајдер Мошлехи изјави за државната телевизија дека во атентатите биле инволвирани израелски, британски и американски шпиони.