Нови судири на грчката полиција со студенти

Грчката полиција употребила солзавец при денешните судири со студентите што протестираа пред грчкиот Парламент против мерките за штедење. Полицијата соопшти дека четворица студенти се повредени, а петмина од учесници во протестите се приведени. Над илјада студенти пробале да го пробијат полицискиот кордон и да стигнат до британската Амбасада во Атина, како израз на солидарност со британските студенти и во знак на протест поради мерките за штедење и реформи во грчкото образование.