Викиликс: Русија е „ виртуелна мафијшка држава“

„Русија е виртуелна мафијашка држава“ е напишано во дипломатска телеграма што е објавена на интернет страната Викиликс. Во документот е наведено дека ваквиот став за состојбата со организираниот криминал во Русија го искажал шпански обвинител Хосе Гринда Гонзелс во американската амбасада во Мадрид во февруари. Според документот, Гоназалес изразил верување дека руската федерална безбедносна служба и воената разузнавачка агенција ја контолираат Руската Мафија. Во документот е навдено дека обвинителот рекол дека има информации за руските политички партии кои соработуваат со лидерите на организираниот криминал. Се уште нема официјална реакција од руските власти за овие обвинувања.