Груевски: За реклами на А1 не се трошени буџетски пари

Македонскиот премиер Никола Груевски денеска изјави дека случајот со А1 телевизија го смета за злоупотреба од СДСМ и обид за манипулација, да се прикаже дека некој медиум е опседнат од полицијата. Груевски негира дека за реклами на А1 тв се трошени буџетски пари.
За случувањата во четвртокот тој додаде дека станувало збор за асистенција за која судот издал наредба бидејќи немало претходно можност да се изврши контрола во шестте фирми на ул.„Перо Наков“.