Поројни дождови на Балканот, снег во западна Европа

Поројните дождови во Србија и Црна Гора се виновни за евакуацијата на илјадници луѓе. Во Западна Србија реката Дрина се излеа од своето корито и предизвика поплави по патиштата, куќите и фармите. Полицијата соопшти дека областа што се наоѓа во близина на границата со Босна се соочува со недостиг на вода за пиење и електрична енергија.
Делови од Централна и Западна Европа се соочуваат со силни врнежи на снег и ниски темпертури, каде најмалку 18 луѓе починале. До сега најниска темепература од – 26 цезиусови степени е измерена во Полска.
Во Германија синоќа загинале најмалку 3 лица во сообраќајни несреќи предивикани од лошите временски услови.