Клинтон: Киргистан е доказ за парламентарна демократија

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон при посетата на Бишкек изјави дека Киргистан покажа оти парламентарната демократија може да функционира во Централна Азија. Ова го изјави Клинтон по денешната средбата со претседателот Роза Отумбаева. Три политички партии оваа недела се договорија да формираат владина коалиција, два месеца откако поминаа првите парламентарни избори во Централна Азија.