Киднапирани 8 Авганистанци

Авганистанската полиција смета дека талибанските милитанти се виновни за денешното киднапирање на седумина авганистански деминери во провинцијата Нангахар во близина на границата со Пакистан. Граничната полиција соопшти дека биле киднапирани 16 деминери но по неколку часа деветмина од нив биле ослободени. Тие работеле во авганистанската организација за отсранување на мини.