Ердоган ќе си даде оставка ако се потврдат тврдењата на Викиликс

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган ги оцени како клевета информациите објавени на интерет страницата Викиликс во кои е наведено дека тој поседува приватни банкарски сметки во Швајцарија. Тој изјави дека доколку такво нешто се потврди ќе поднесе оставка.Ердоган додаде дека Турција сака да се спроведе меѓународна судска истрага во врска со „истекувањето“ на голем број тајни документи со податоци од американските дипломатски извештаи.