Гибс: Изјавата на Асанж е „смешна и апсурдна“

Потпаролот на Белата Куќа Роберт Гибс ја оцени како „смешна и апсурдна“ изјавата на основачот на интернет страната Викиликс Џулијан Асанж, за државниот секретар Хилари Клинтон.
Во он лајн интервју од непозната локација за „Тајм“ магазинот Асанж побара од Клинтон да си поднесе оставка доколку се докаже дека побарала од разузнавачки служби да шпионираат дел од дипломатите на Обединетите Нации со што се прекршуваат меѓународните договори.
Гибс додаде дека американските дипломати не се вклучени во шпионажа.