Тадиќ: Наскоро разговори меѓу Белград и Приштина

Српскиот претседател Борис Тадиќ денеска во Астана изјави дека очекува што поскоро да почнат разговорите меѓу Белград и Приштина. Тој изрази надеж дека мисијата на ОБСЕ ќе стане неутрална во овие разговори. Тадиќ додаде дека Србија очекува оти некој нема да се обиде да ја измени состојбата на теренот додека траат разговорите, затоа што секој обид за таква промена ќе значи прекин на дијалогот.