Шпанија: Нови мерки за излез од кризата

Шпанскиот премиер Жозе Луис Родригез Запатеро изјави денеска во Парламентот дека Владата ќе продаде 30 проценти од акциите на државната лотарија и ќе приватизира дел од аеродромите во Мадрид и Барселона со цел да ја намали загриженоста за економската стабилност на земјата. Тој додаде дека владата ќе престане да им плаќа по 420 евра месечно на невработените.
Ваквите мерки следуваат по загиженоста на инвеститорите дека Шпанија по Грција и Ирска ќе биде следна што ќе бара помош од ЕУ и ММФ за излез од должничката криза.