На Косово почна предизборната кампања

На Косово денеска и официјално започна предизборната кампања за парламентраните избори што се закажани за 12 декември. На нив ќе учествуваат 29 изборни ентитети, политички партии, коалиции и граѓански иницијативи. Вршителот на должноста претседател на Косово Јакуп Красниќи во пораката до граѓаните изјави дека станува збор за први парламентарни избори по прогласувањето на независноста на Косово и оти тие претставуваат сериозен тест за демократијата.