Интерпол во потрага по основачот на Викиликс

Интерпол издаде црвена потерница по Џулијан Асанж, основачот на веб страницата Викиликс кој е под истрага во Шведска под сомневање за сексулано злоставување. Асанж за кој не се знае каде во моментов престојува ги отфрли ваквите обвинувања. Тој е во центарот на светското внимание откако на Викиликс објави илјадници доверливи телеграми на американската дипломатија. Асанж за неделникот Тајм денеска изјави дека американскиот државен секретар Хилари Клинтон би требало да си поднесе оставка доколку се утврди дека на американските дипломати им било наредено да ги шпионираат нивните странски колеги.