НАТО: објавувањето доверливи документи на Викиликс е опасно

Објавувањето на доверливи документи на сајтот Викиликс, меѓу кои повеќе илјади се однесуваат на НАТО, е илегално, неодговорно и опасно, оцени портпаролката на Алијансата Оана Лунгеску. Нашата политика е да не коментираме доверливи информации и остро го осудуваме протекувањето на такви документи, истакна таа. Викиликс од неделата почна да објавува околу 250 илјади американски дипломатски депеши, а НАТО се спомнува во неколку илјади документи, но ниеден не се однесува директно на воени прашања.