Санкции за компании поврзани со иранската нуклеарна програма

Министерството за финансии на САД објави дека се воведени санкции спрема 10 бизниси во Европа и Азија кои наводно се поврзани со ирански организации кои, пак, имаат врска со сомнителната нуклеарна програма на оваа земја. Министерството не прецизира за кои компании станува збор, но соопшти оти осум од нив се лоцирани на островот Ман во Ирско Море, еден во Швајцарија и еден во Малезија.