Продолжува штрајкот со глад на белградските студенти

Неколку десетици студенти на Белградскиот универзитет и натаму штрајкуваат со глад пред српската влада. Тие се наоѓаат во шатор, а граѓани им носат чај и храна, јавуваат агенциите. Министерот за образование на Србија Жарко Обрадовиќ изјави дека на синоќешниот состанок со претставници на студентите, кои бараат ослободување од школарината за оние што ги исполнуваат условите, предложил решение за проблемот, повикувајќи ги да го прекинат штрајкот. Претставник на штрајкувачите изјавил дека не е постигнат договор и оти тие го продолжуваат протестот.