МВР: А1 ги наруши одредбите за слободно и непристрасно информирање

Македонското министертво за внатрешни работи на својата интернет страница објави соопштение во кое ги советува граѓаните доколку сакаат да го изразат својот револт на демократски начин и да побараат санкции за однесувањето на А1 телевизија тоа можат да го направат ако се повикаат на неколку законски одредби.
Во соопштението се наведени детали од одредбата од законот за
радиодифизна дејност, неколку членови од Уставот и дел од етичкиот кодекс на новинарите во Македонија. Во продолжение на соопштението е наведено дека А1 ги наруши овие одредби и правото на граѓаните за слободно и непритрасно информирање со то ашто навремено не го пренела ставот на Министертвото за случувањата во зградaта на телевизијата.
Од А1 телевизија велат дека коректно и навремено го објавиле нивното соопштение.