Руската разузнавачка служба ќе ги анализира документите од Викиликс

Шефот на руската разузнавачка служба Михаил Фрадков изјави денеска дека службата ќе ги анализира материјалите објавени на интернет страницата Викиликс. Тој додаде дека многу од објавените информации се како што вели „добар материјал за анализа“.