Фејт: Косовските Срби на изборите ќе можат да ја преземат судбината во своите раце

Специјалниот претставник на Европската Унија во Косово Питер Фејт денеска ги повика косовските Срби да гласаат на вонредните парламентарни избори на 12 декември во Косово.Тој додаде дека со тој потег Србите ќе ја преземат судбината во свои раце.Фејт истакна дека децентрализацијата треба да се прифати за да се придонесе во престојниот дијалог на Белград и Приштина.