Гугл под истрага за монопол

Комисијата за набљудување на пазарната конкуренција на Европската Унија денеска соопшти дека ќе спроведе истрага за да провери дали интернет гигантот Гугл ја злоупотребува доминантната позиција на пазарот. Инспекторите соопштија дека примиле неколку жалби од конкурентни пребарувачи дека Гугл се обидува да ги отфрли од он лајн пазарот. Гугл смета дека не направил ништо погрешно и соопшти дека ќе соработува со инспекторите.